ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ригорозни казни за високите цени и профитите, најавуваат властите

Од анализите што се направени од експерти во Министерството за економија, но и од надворешни експерти се забележува дека има зголемување на цените на производите и на профитите во малопродажбата. Овие анализи премиерот Димитар Ковачевски вчера ги разгледувал и за нив разговарал со министрите за економија и за финансии, кои ги забележале податоците и затоа најавува дека ќе бидат преземени ригорозни мерки, а не ја исклучува можноста да има и нови замрзнувања на цените на производите.

Advertisements

„Она што го увидовме од статистичките анализи изработени од експерти во Министерството за економија, но и од надворешни експерти се забележува зголемување на цените и профитите во малопродажбата. Соодветно на тие анализи ќе бидат предложени ригорозни мерки од Владата и нема да има пардон. Знам дека ќе има негодувања од засегнатите, но нема да дозволиме во време на криза некој да ги зголемува своите профити во апсолутен износ на сметка на граѓаните, кои треба да врзат крај со крај“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button