ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рикер: Коментарите на Агелер за правосудството се истите кои и јас ги давав кога бев амбасадор

Состојбите во македонското правосудство и борбата против корупцијата не се поместени од „мртва точка“ и се на истото ниво од пред 15 години. Ова е заклучокот што може да се извлече од изјавата на поранешниот амбасадор на САД во земјава, Филип Рикер кој во синоќешното гостување во Дневникот на ТВ Сител рече дека коментарите на актуелната американска амбасадорка Анџела Агелер за правосудството во земјава се истите што тој ги давал додека ја вршел функцијата пред 15 години.

Advertisements

Прашан дали и тој е разочаран од резултатите од реформите во правосудниот систем и борбата со корупцијата, Рикер вели дека најважно е тоа што луѓето се разочарани и тоа го слуша од пријатели и луѓе што ги среќава на улица, иако во земјава е само неколку дена.

„Тие се фрустрирани и незадоволни од напредокот во однос борбата против корупцијата. Овде не се работи за партии, ова е за одлуки на земјата како целина. Сите да кажат ќе го промениме ова. САД го поддржаа тоа. Коментарите кои слушам дека ги дала амбасадорката Агелер, се истите коментари кои јас ги давав кога бев амабсадор пред 15 години. Ние сакаме да инвестираме во реформски напори преку различни програми за да помогнеме со судските реформи, да едуцираме што е од витално значење и мислам дека сме вложиле нешто над 560 милиони долари низ годините за да помогнеме во овие напори. Тоа е инвестиција и ние сакаме да видиме резултат од таа инвестиција“, вели Рикер.

Рикер, кој е актуелен помошник државен секретар на САД, беше амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава во периодот од 2008 до 2011 година, во време кога на власт во земјава беше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот лидер на партијата, Никола Груевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button