СПОРТФОРМУЛА - 1

Рикиардо и Цунода, дел од Алфа Таури и во 2024 година

Алфа Таури, во пресрет на трката за Големата награда на Јапонија објави дека Даниел Рикиардо и Јуки Цунода ќе возат за овој тим и наредната сезона.

Advertisements

Сестринскиот тим на Ред Бул на тој начин реши да не му даде шанса на младиот дебитант Лиам Лосон, кој во Сингапур ги освои првите бодови во кариерата. Трката ја заврши на деветтото место. Претходно во квалификациите, во втората сесија, Лосом успеа да го исфрли Макс Ферстапен.

Цунода вака ќе остане четврта сезона во Алфа Таури, додека Рикиардо дојде во текот на летото кога го замени Ник Де Врис. Австралиецот се повреди во Холандија, се очекува да се врати на патеката на Големата награда на Катар на почетокот на октомври. А во Јапонија наместо него ќе вози Лосон чија иднина за следната сезона се уште не е позната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button