

Алсат
14.07.2020 16:05
Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Ришон Холмс, направи голем гаф, по што ќе помине 14 дена во карантин. Холмс бил надвор од хотелот за да земе нарачка со храна, со што ги прекршил правилата за изолација. Челниците на НБА одлучија секој кој нема да го почитува карантинот, за секое отсуство на натпревар ќе мора од свој џеб да плаќа по 50 илјади долари.