ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Ристевски: Извршителите да се вратат во судовите и да работат за плата

Активистот и претседател на Конфедерацијата на синдикати, Марјан Ристевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат изрази незадоволство од досегашните измени на законите за извршување, апелирајќи да се донесе закон со кој извршителите ќе се вратат во судовите.
„Гледате сега што барале со новиот закон, ако добро разбрав. Државата уште и канцелариите да им ги средува. Не можеле да опстојат. Абе ако не можете да опстоите, заклучете. Државата треба да си стави државни извршители. Како што било порано и како што има во други држави и сите трошоци од наплата ќе влезат во државниот буџет. Претераа веќе, ги поминаа сите граници, верувајте…“, вели Ристевски.