ВЕСТИЕКОНОМИЈА

РКЕ го објави новиот ценовник

РКЕ го објави новиот ценовник

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 % во однос на одлуката од 7.6.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,374%, кај дизелот за 3,697%, кај екстра лесното масло за 4,097% и кај мазутот намалувањето е за 2,312%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,087%

Од 11.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95                                  80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98                                  82,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                                 71,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                              70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,475 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,734 ден/кг и сега ќе изнесува 42,475 ден/кг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button