РКЕ ја одреди цената на струјата за наредните шест месеци

Сметката за струја што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка од 1 јули ќе биде пониска за 4,26 отсто, а доколку ДДВ-то за електричната енергија се врати на 18 отсто ќе биде повисока за 2,5 отсто. Евтината дневна тарифа за домаќинствата ќе стартува од 1 декември годинава и ќе биде во периодот од 13 до 15 часот.
Ова е епилогот од вчерашната главна седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на која беше донесена одлуката од 1 јули годинава за 7,04 проценти да се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок да биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок да има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената да биде повисока за 2,42 проценти.