СПОРТФУДБАЛ

Роберт Левандовски ќе го пропушти првиот нaтпревар на “ЕВРО 2024”

Роберт Левандовски ќе го пропушти првиот нтпревар на Полска на Европското Првенство во Германија.

„Правиме се што е можно за да може Роберт да го одигра вториот натпревар на турнирот против Австрија“, изјави во вторникот првиот човек на лекарскиот тим на Полска, Јацек Јарозевски. Левандовски се повреди на пријателскиот натпревар со Турција.

„Денеска ги прегледавме тројцата играчи кои се повредија на натпреварот против Турција. Павел Давидович ги истегна квадрицепсите. Во случајот со Карол Швидерски, прегледите покажаа истегнување на зглобот без значителни оштетувања. По третманот, двајцата играчи ќе можат да се вратат на целосни тренинзи за три до четири дена.

Роберт Левандовски заработи повреда на задниот бутен мускул (бицепс феморис), поради што нема да може да настапи на првиот меч на Европското Првенство. Правиме се што е во наша моќ да го подготвиме за вториот меч“, се вели во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Полска.

Полска е во групата Д со Франција, Холандија и Австрија. Полјаците ќе го започнат натпреварувањето на 16 јуни со дуелот против Холандија, по што следи мечот со Австрија на 21 јуни и во последното коло на 25 јуни ќе се сретнат со Франција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button