СПОРТФУДБАЛ

Роберт Левандовски, најдобар фудбалер во Бундеслигата во 21. век!

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски е најдобриот фудбалер во Бундеслигата во 21 век, по избор на реномираниот портал Goal.com.

Advertisements

Овој специјализиран фудбалски сајт ја објави листата на 25 најдобри играчи од елитното ниво на германскиот фудбал кои играле во овој милениум, а меѓу првите десет има дури девет кои настапувале за Баерн Минхен. Тоа не би требало да биде толку чудно ако се знае дека баварците во тој период освоија дури седумнаесет шампионски титули.

Левандовски најпрвин играше за Борусија Дортмунд каде постигна 103 гола, а потоа се пресели во Баерн за кого запиша 344 гола на 375 натпревари пред да ја продолжи кариерата во Барселона. Второто место на оваа листа го зазема Томас Милер, а потоа следуваат Франк Рибери, Мануел Нојер, Филип Лам, Бастијан Швајнштајгер, Марко Ројс, Арјен Робен, Михаел Балак и Давид Алаба.

Меѓу сите нив, само Марко Ројс никогаш не играл за тимот од „Алијанц Арена“, а кариерата ја изгради во Борусија Дортмунд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button