Родители: Не сме задоволни од договорот за Чашка

По речиси три месеци протести на жителите на општина Чашка кои беа против отворањето на паралелката на албански јазик во основното училиште „Тодор Јанев“, од денеска почнаа да учат над 150 ученици Албанци и Македонци. Според постигнатиот договор, учениците од прво одделение, кои се пет на број и следат настава на албански јазик, во ова училиште ќе продолжат да учат до крајот на годината, а потоа ќе бидат преместени во друго подрачје на општина Чашка, но се уште не се знае во кое село ќе биде поместена паралелката на албански јазик, додека останатите ученици, кои се повеќе од 80 ученици Албанци кои следуваат настава на македонски јазик, ќе продолжат да следат настава на Македонски јазик во ОУ „Тодор Јанев“.
Родителите на ученици Албанци се револтирани. Велат дека со изградбата на нова училишна зграда во друго село не се решава проблемот, бидејќи голем број ученици патуваат од околните села на Чашка, а најпогодно место е ОУ „Тодор Јанев“.
„Не знам каков е договорот, но велат дека до одредено време ќе учат на албански јазик и потоа ќе градат училиште. Дали е ова прифатливо за вас како жители? За нас тоа не е прифатливо бидејќи сакаме да биде таму во општина Чашка со другите ученици од другите села, било во Бањица или на друго место“, вели жител на Чашка.
„Од една страна велат дека Албанците и Македонците треба да живеат заедно, а од друга страна протестираат над два месеци. Тоа треба да се направи до деветто оделение. Зошто училиштето да не биде овде во Чашка, не знам кои се пречките не е во ред, зошто да учат на македонски кога треба да го учат својот јазик”, додава еден жител на Чашка.
Едно од барањата на жителите кои протестираа беше разрешување на директорот, додека по враќањето на овластувањата на првиот човек на општина Чашка, од денеска за в.д директор на училиштето „Тодор Јанев“ е именуван Бојан Ѓорѓиов.
Речиси три месеци траеше протестот на македонските жители, блокирајќи го влезот и излезот на општина Чашка што ги остави децата без настава.
Авни Тахири