ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Родителите кои се противат на најавените законски измени во основното образование, до Собранието доставија 300 потписи собрани за нивната иницијатива за референдум

Граѓанската иницијатива „Книги и настава мора да има“, собра 300 потписи кои ги достави до Собранието каде бара иницијатива за референдум за промените во образованието. Драгана Спасевска рече дека од оваа иницијативата ќе ги искористат сите законски средства за прекинување на постапката, за усвојување на предлог -законот за учебници.
Министерката за образование Мила Царовска повторува дека реформите во образованието ќе се случат, и покрај иницијативата за референдум.
Инаку, иницијативата за референдум може да влезе во собраниска процедура само од овластен предлагач.
Мелихате Рустеми Оп.