ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Родителите на настраданите во Кочани бараат одговори и правда

Родителите на настраданите во Кочани бараат одговори и правда

Под мотото „Марш на ангелите“ родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани пред јавното обвинителство во Скопје побараа одговори и правда за смртта на своите најмили. Со транспаренти дека корупцијата убива и барања за оставки од државниот обвинител, родителите со солзи во очите им порачаа на институциите дека се чувствуваат изневерено.

Advertisements

“Ние сме вашите владејачи, не вие на нас. Ве плаќаме со илјадници евра да правите милионски криминали. Јавно обвинителство што по ниту еден допрен глас нема излезено досега. Ниту еднаш по допрен глас немате излезено, еднаш, барем половина”, рече Владимир Апостолов.

Протестниот марш продолжи и пред Собранието, каде родители на загинати во пожарот раскажуваа како нивните најмили загинале во пожарот кобната вечер на 16-ти март.

„Тој беше толку многу хуман што не моѓел да ги остави своите другари да загинат, каде се другарите таму и тој. До последна надеж, со клучот во својата рака, да спаси нечиј живот до неговата кола, го губи и својот„, рече мајка на починат во пожарот во дискотеката „Пулс“.

„Заедно од Скопје за Кочани, од Кочани од градот на периферијата во диско и таму да заврши нивниот другарски живот. Полни со енергија, полни со младост и заедно сега почиваат. Заедно си дојдоа од Скопје и заедно загинаа, а никој нема објаснување зошто? Во името на корупцијата, на митото, на парата, нашите деца настрадаа„, рече татко и мајкана загинати другари во пожарот во дискотеката „Пулс„.

Пред Собранието, родителите побараа и да се сретнат очи во очи со народните избраници, а на повикот одговорија опозициските пратеници. Пред граѓаните излегоа неколку пратеници од СДСМ на чело со претседателот Венко Филипче, како и пратеници од Левица. Филипче рече дека тие не се овде да собираат политички поени.
По Собранието, родителите се упатија и во Министерството за внатрешни работи, каде остварија средба со министерот Панче Тошковски.

Претставници на родителите за време на протестот влегоа и во зградата на јавното обвинителство каде разговарале со обвинителите кои го водат случајот. Од она што го соопшти обвинителството, родителите добиле сеопфатни информации за текот на истрагата, а им била најавена и динамиката на престојните распити на оштетени како следна фаза од истражниот процес. Во пожарот во дискотеката Пулс загинаа 62 лица, а истрагата која ја водат 13 обвинители покажа дека таа работела со фалсификувана лиценца. Во истрагата досега се опфатени 68 физички и три правни лица, меѓу кои и поранешниот министер за економија КрешникБектеши, како и тројцата поранешни градоначалници на Кочани кои беа пуштени во домашен притвор./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button