МАКЕДОНИЈА

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до ОЈО Кочани за средба со обвинителите

Семејствата на жртвите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани денеска доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство во Кочани, со кој бараат непосредна средба со обвинителите.

Advertisements

Барањето доаѓа по минатонеделното образложение на обвинителниот акт за трагедијата кое го даде јавниот обвинтел Љупчо Коцевски, а за што на саботниот „Марш за ангелите“ родителите нагласија дека не ги разбрале наводите.

„Како што веќе најавивме во саботата, денеска доставивме писмено барање за средба со обвинителите за подетално да ни ја образложат истражната постапка и обвинението. Претходно ја добивме информацијата дека од Обвинителството се подготвени да се сретнат со нас и откако меѓусебно ќе се договориме, ќе доставиме известување за можниот термин на средбата“, истакна Марија Петрушева, мајка чиј син е настрадан во „Пулс“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button