Родителите од групата „Книги и настава мора да има“ излезе навредена од состанокот одржан во Министерството за образование

Родителите од групата „Книги и настава мора да има“ излезе навредена од состанокот одржан во Министерството за образование. Тие не беа примени од министерката за образование, Мила Царовска, туку од други претставници на министерството, кои според родителите не биле соодветни за оваа средба.
Групата родители пред претставниците на образованието ги презентираа барањата кои треба да бидат одобрени. Тие се: класичните книги да останат во употреба за сите одделенија од основно и средно образование. Да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден. Да се аргументира намалувањето на бројот на часови кај одредени предмети. Да се создадат соодветни услови за деца со попреченост. Да се воспостават протоколи за спроведување на наставата со физичко присуство, како и вклучување на претставници на групата и граѓанскиот сектор во работната група за измени во законот. Доколку овие барања не бидат разгледани до почетокот на следната недела, групата родители предупредува на протести.
Од Министерството за образование велат дека промени во основното образование ќе има, бидејќи, според МОН, тоа не е самоиницијативно решение на Министерството за образование и наука, туку е резултат на сеопфатна анализа и барање на наставниците. Исто така, МОН соопшти дека за сите други реформски процеси и Законот за учебници, биле консултирани и сослушани мислењата на сите страни.
Melihate Ruestemi