Родителтие на загинатите млади лица во трагедијата во дискотеката „Пулс“ повторно со протестен марш бараа правда за своите најмили
Родителтие на загинатите млади лица во трагедијата во дискотеката „Пулс“ повторно со протестен марш бараа правда за своите најмили

Родителтие на загинатите млади лица во трагедијата во дискотеката „Пулс“ повторно со протестен марш бараа правда за своите најмили. Тие го критикуваат односнот на интитуциите врз случајот, велеќи дека осомничените се приведуваат и се пуштаат повторно на слобода. Родителите велат дека дури и добиле закани, без да потенцираат од кого се истите.
„Што ви се заканувале? Дека ние родителите на мамолетните деца ќе одговараме лично. Кој ви се заканувал?- не е битно имаме ифнормации“, рече родителка на загинато дете од Кочани.
Родителите на загинатите деца побараа правдата да има имиња и презимиња, и ги прашаа надлежните, дали се уште мислат дека после оваа трагедија нема доволно докази?
„Дали ќе прикривавте луѓе кои се соучесници на монструмот ако убиените деца беа ваши деца, можеби тогаш ќе сфатите дека единствената причина за која што се бориме е правдата за нашите млади убиени деца и претходно и сега и во иднина ве потсетуваме нема да застанеме тука„, рече родителка на загинато дете.
Родителите бараа одговорност и од инспекторите кој и покрај пропустите дозволе дискотеката „Пулс“ да работи.
„Секој што работи ќе ви даде мито, ќе ве носат на ручеци и случајно ќе ја заборавите контролата на нивната работа. Ова не е само лист хартија ова е сето вистина бидејќи сите ние овде сме имале потреба од вас и на некој начин и од нас е барано мито или било што. „инспектори кажете дали животите на нашите деца вредат повеќе од тоа што ви е дадено?“, додаде родителка на загинато дете.
Трагедијата се случи на 16 март каде во дискотеката на „смртта“ загинаа 62 лица.
Ангел Димовски