СПОРТФУДБАЛ

Родригез со гол и асистенција, творец на триумфот на Колумбија над Аргентина

Само два месеци по поразот во финалето на Копа Америка, колумбијците сервираа реванш за Аргентина славејќи во Кали со 2-1. Хамес Родригез со гол и со асистенција беше творец на триумфот на Колумбија.

Advertisements

Многу коментари и бура предизвика ВАР-одлуката за пеналот во 60.минута по која Хамес Родригез го постигна победничкиот погодок. Претходно, Москера обезбеди водство за Колумбија, а израмни Нико Гонзалес. Парагвај му го нанесе четвртиот пораз на Бразил во квалификациите за СП. Домашната селекција славеше со 1-0, со голот на Диего Гомез во 20.минута од мечот.

Венецуела и Уругвај одиграа без голови, а Боливија славеше на гости со 1-2 против Чиле.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button