Роеви комарци на Камениот мост во Скопје

Граѓаните не ги покриваат лицата поради камерите, проблемoт е што преку Камениот мост во Скопје неодамна се појавија многу комарци, и поради нов е вистински предизвик да премине овој мост во Скопје.
Додека некои граѓани ги покриваа лицата за да ги заштитат од инсекти, други ги отстрануваа инсектите со рацете или шапките.
Од Град Скопје велат дека по известувањето на Алсат телевизија, инспектори од веднаш излегле на терен, но не утврдиле шокантно присуство на комарци на Камениот мостШто се однесува до прскањето против инсекти, оттаму велат дека откако ќе се подобрат временските услови, ќе започне воздушното прскање.
Град Скопје:
„За да има услови за дезинсекција, неопходни се соодветни атмосферски услови, така што времето мора да биде стабилно, да не биде врнежливо, да не биде ветровито и да нема температура пониска од 12 степени Целзиусови. Постапката на дезинсекциската служба за воздушно третирање е спроведена и веднаш штом ќе имаме временски услови, ќе се спроведе и воздушното третирање.“
Според Град Скопје, дезинсекција се одвива секоја година, почнувајќи од април или мај и се одвива во 7 фази. До исполнување на атмосферските услови за прскање, за да се премине Камениот мост, граѓаните ќе треба да се опремат со спреј против инсекти.
Авни Тахири