СВЕТ
Ројтерс: Путин и Фидан разговараа за Украина и за мировните преговори

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на средба во Москва разговараа за напорите за завршување на војната во Украина и развојот на настаните по разговорите во Истанбул, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извор од турското Министерство за надворешни работи.
Фидан е во дводневна посета на Москва, каде што, според изворите, во понеделник се сретнал со Путин, како и со главниот преговарач на Русија, Владимир Медински.
Се очекува тој денес да се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров, објави Ројтерс.