СВЕТ
Ројтерс: Виткоф и Келог ќе патуваат во Истанбул на разговори меѓу Русија и Украина

Специјалните претставници на американскиот претседател за Блискиот Исток и Украина, Стив Виткоф и Кит Келог, ќе отпатуваат во Истанбул за да учествуваат во преговорите меѓу Русија и Украина, објави Ројтерс.
Како што пишува CNN, нивната задача ќе биде да го „надгледуваат процесот на преговори“.
Ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја разгледува можноста лично да отпатува во Истанбул на 15 мај на преговори. Тој изрази надеж дека претседателите Владимир Путин и Владимир Зеленски ќе пристигнат во градот истиот ден.
Според извори на CNN, евентуалното учество на Доналд Трамп во преговорите е сè уште под знак прашалник и во голема мера зависи од тоа дали Владимир Путин ќе одлучи да дојде во Истанбул.