Рокот за 10.000 потписи за претседателските избори истекува вечерва

Седум кандидати официјално ќе влезат во трката за претседател, додека рокот за собирање најмалку 10.000 потписи истекува вечерва на полноќ.
Професорката и пратеничката Гордана Силјановска Давкова влезе во трката како кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партии. Таа е вторпат во оваа трка, откако во 2019 година во вториот круг ја загуби битката од Стево Пендаровски.
Пендаровски пак и за овие избори за втор мандат повторно ја има поддршката од СДСМ и нивните коалициски партии.
Трет на листата со најмногу собрани потписи е Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово, претседател на движењето „Знам“ и поранешен функционер на СДСМ. Зад него е Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ, актуелен градоначалник на општина Карпош.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи е кандидат на ДУИ, а лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари има поддршка од албанската опозициска коалиција „ВРЕДИ“.
ЛЕВИЦА на овие избори ќе се натпреварува со свој кандидат, професорката Билјана Ванковска.
Осум други кандидати кои се чинеше дека го исполнуваат условот да соберат најмалку 10.000 потписи, не ја обезбедија потребната поддршка.
Жрепката за единствената листа на кандидати ќе се одржи на 28 март, а изборната кампања започнува на 4 април.
Доколку ниту еден од претседателските кандидати не добие мнозинство гласови во првиот круг, во вториот круг ќе се гласа за двајцата кои добиле најмногу гласови.
За претседател во вториот круг се избира кандидатот кој ќе освои најмногу гласови во случај да излезат повеќе од 40% од граѓаните запишани во избирачкиот списокот.
Фатлуме Дервиши