Ролан Гарос ја објавија листата на носители во машкиот и женскиот дел

Организаторите на Ролан Гарос ја објавија листата на носители во машкиот и женскиот дел од турнирот. Очекувано, Новак Ѓоковиќ е прв носител кај мажите. Ако нема откажувања, на второто место ќе биде Јаник Синер, а на третото Карлос Алкараз. Следи Александер Зверев, пред Медведев, Рубљев, Руд, Хуркач, Циципас и Димитров.
Што се однесува до „вајлд-картите“, нив ги добија домашните тенисери Атман, Гаске, Ербер, Мајо, Милер и Перикар, како и американскиот ас Морено де Алборан и Австралиецот Волтон.
Во женскиот дел од турнирот прва носителка е најдобрата на светот, Ига Швјонтек, пред Сабаленка, Гоф, Рибакина… Посебни покани добија Корне, Феро, Жакемо, Младеновиќ, Паке, Понше, Томљановиќ и Викери.
Ждрепката за главниот дел од турнирот ќе се одржи на 23 мај во 15:00 часот.