

Алсат
02.09.2020 08:19
Верувале или не, луѓето можат да се ослободат од песок во бубрезите или од поситни камчиња само со возење на оваа луда железница. Толку е едноставно.
Затоа, ако имате песок или ситни камчиња во бибрезите, заборавете на операцијата и упатете се кон Дизни Ворлд – таму ќе ја најдете лудата железница што им помогнала на многу луѓе.
Истражувањата покажале дека токму возењето на Big Thunder Mountain Railroad во Дизни Ворлд може да ја заврши работата на хирурзите. Авторите на новата студија, објавена на 26 септември во Journal of the American Osteopathic Association, забележале дека неколку нивни пациенти пријавиле дека ги исфрлиле камчињата откако се возеле на овој ролеркостер во светот на Дизни на Флорида. Според нивните испитувања, еден маж го исфрлил каменот по три последователни возења на истата луда железница.
Испитувачите додале дека возењето на лудата железница може да им помогне и на пациентите што поминале ласерски третман за разбивање и намалување на камењата во бубрегот.
Што ќе одберете – луда железница или операција?