
Столе Димитриевски по се изгледа ќе го напушти Рајо Ваљекано. Еден од најдобрите голмани во Ла Лига, според трансфер гуруто Фабрицио Романо е на мета на Севиља и Виљареал.
Нашиот репрезентативен голман има договор со Рајо Ваљекано до крајот на сезоната.
Столе Димитриевски би можел да го напушти Рајо Ваљекано во јуни, а Фабрицио Романо, тврди дека 29-годишниот голман ќе направи слободен трансфер во еден од овие два шпански тима./Sportmedia/