СВЕТ

Рон ДеСантис се откажа од трката за претседателски кандидат на САД и го поддржа Трамп

Гувернерот на американската држава Флорида се откажа од трката да стане претседателски кандидат на Републиканците на изборите во САД и го поддржа својот противник, поранешниот претседател Доналд Трамп.

Advertisements

ДеСантис ја објави својата одлука на својот профил на платформата Икс (поранешен Твитер).

Потегот доаѓа само два дена пред одржувањето на прелиминарните избори во државата Њу Хемпшир, каде што според анкетите се предвидуваше дека тој ќе заврши зад своите конкуренти – Трамп и поранешната американска амбасадорка во Обединетите Нации Ники Хејли, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Претходно се одржаа прелиминарни избори во државата Ајова, каде што Трамп убедливо ги победи ДеСантис и Хејли.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button