

Алсат
09.09.2020 12:08
Најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо го постигна својот 100-ти гол за националниот тим. Тој синоќа на гостувањето во Стокхолм против Шведска (2:0) во 2. коло во Лигата на нации, два пати ја затресе противничката мрежа, а првиот погодок во финишот на првото полувреме беше 100-ти за Роналдо во репрезентативниот дрес.
Во вториот дел Роналдо уште еднаш се запиша во листата на стрелците за негов 101-ви репрезентативен погодок. Така, 35-годишниот напаѓач стана вториот фудбалер во историјата што ја надминал оваа граница. Рекордер по бројот на голови за националниот тим е Иранецот Али Даеи, кој постигна 109 голови.