
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо не размислува на пензија иако има 39 години. Ужива во фудбалот и сака да урива рекорди, а доказ за тоа е најновата информација за него.
Медиумите тврдат дека тој цели на нова фудбалска историја. Роналдо ќе добие нов договор од Ал-Наср до 2026 година со цел да продолжи во ритам за да биде спремен за настап на СП 2026, трофеј кој му фали во колекцијата.
Досега ниту еден играч нема шест настапи на Светски првенства, ако Роналдо заигра на овој шампионат ќе биде првиот кој го направил тоа. Воедно, неговата цел е до крајот на кариерата да дојде до бројката од 1000 гола, а му фалат уште 97.
Исто така, Кристијано Роналдо сака да заигра и заедно со својот син Кристијано Роналдо Јуниор во еден клуб.