
Кристијано Роналдо е со своите сонародници на подготовки за престојните квалификациски натпревари на Португалија, а пред да отиде таму му ги соопштил плановите на Ал Наср.
Наводно, Роналдо им кажал на челниците на клубот дека сака да го продолжи договорот до 2027 година. Неговата цел е да игра на Светското првенство 2026 додека е фудбалер на Ал Наср, а потоа да објави крај на фудбалската кариера.
Очигледно Роналдо сака да направи уште еден обид да го освои Светското првенство, без разлика на годините.