СПОРТФУДБАЛ

Роналдо со понуда да се врати во Европа и да игра во Лигата на Шампионите

Развојот на настаните во Ал Наср со кого втора сезона не успева да освои трофеј и покрај блескавите имиња кои ги има во составот, можеби може да го премисли Кристијано Роналдо  и да се врати онаму каде што почна.

Advertisements

Бројни европски медиуми објавија дека Роналдо има понуда од „португалска екипа“ чие име не се спомнува, но многумина тврдат дека се работи за Спортинг Лисабон. Тимот од главниот град е на чекор од титулата во домашното првенство бидејќи има седум бода предност во однос на Бенфика и сигурно идната сезона ќе учествува во Лигата на шампионите.

Тоа би бил уште еден предизвик за него бидејќи само со Спортинг не играше во елитното фудбалско натпреварување, а сега таму може да се подготви за Мундијалот во 2026 и да ја заврши кариерата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button