ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рот: Секој политичар да се запраша што може да направи за државата

Прашањето што секој политичар во државата треба да си го постави е – што може да направам за државата, а не за партијата, рече претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, кој денеска е во посета на земјава. Тој додаде дека во текот на денот ќе оствари средба и со претставници на опозицијата.

Advertisements

„Се надевам дека сега, во македонскиот парламент ќе може да се создадат предуслови за да може да се продолжи со пристапните преговори. Знам дека на многумина воопшто не им паѓа лесно, кога станува збор за овие уставни промени, но секој треба да си го постави прашањето – не како може да ѝ помогнам на партијата, туку како може да ѝ помогнам на мојата земја“, рече Рот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button