
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека конфликтот во Украина станал посредна војна меѓу САД и Русија и дека ќе биде неопходно да се најде начин да се стави крај.
„Од самиот почеток беше многу јасно дека претседателот Трамп го гледа ова како долготраен, закочен конфликт. И искрено, тоа е прокси (посредничка) војна меѓу нуклеарните сили – САД, коишто ѝ помагаат на Украина и Русија – и треба да заврши. И никој нема идеја или план да ѝ стави крај. Досегашниот план на Украинците и нивните сојузници на Капитол Хил и луѓето со кои разговарате во другите земји е да продолжиме да им даваме онолку колку што им треба онолку долго колку што е потребно. Тоа не е стратегија.“, изјави Рубио за Фокс њуз, објави на сајтот Стејт департментот.
Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ги „саботирал“ напорите на Трамп да преговара за крај на конфликтот и нагласи дека мирот ќе бара отстапки од двете страни.