СВЕТ
Рубио: Трамп е единствениот лидер кој може да донесе мир во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот лидер кој може да донесе мир во Украина.
Тој на новинарите по состанокот на делегациите на САД и Русија во Ријад изјави дека крајот на украинскиот конфликт мора да биде прифатлив за сите инволвирани страни: Украина, Европа и Русија.
„Целта е да се обезбеди мир за Украина кој е праведен, траен, одржлив и прифатлив за сите вклучени страни“, рече тој, според Скај њуз.
Рубио рече дека „останува уште многу работа“ и дека целта на денешната средба е „воспоставување линии на комуникација“ по долгиот период на молк меѓу Вашингтон и Москва. Тој исто така изрази уверување дека Русија сака да постигне договор.