СПОРТ

Руне, првиот финалист на АТП турнирот во Бризбејн

Првиот носител на АТП турнирот во Бризбејн, Холгер Руне без проблеми се пласира во финалето и ќе игра за трофејот. Данецот по 99 минути игра го совлада Роман Сафиулин со 2-0 (6-4, 7-6).

Advertisements

Руне одигра доминантен прв сет, не му дозволи на Русинот ниту една брејк-топка, а тој го искористи едниствениот брејк за да дојде до 6-4. Во вториот сет беше поизрамнето, двајцата тенисери загубија по еден сервис, меѓутоа кога дојде до тај-брејкот фаворитот блесна и со 7-0 го затвори мечот.

Во финалниот дуел Руне ќе игра против подобриот од второто полуфинале меѓу Џордан Томпсон и Григор Димитров. Да потсетиме, сите очекуваа финале меѓу Руне и Надал во Бризбејн, ама големиот шампион во четвртфиналето со пресврт загуби од Томпсон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button