
Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со заканата за мирот што, како што е наведено, доаѓа од европските земји кои се обидуваат да спречат мирно решавање на конфликтот во Украина, изјави денес првиот заменик-постојан претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Пољански.
Тој додаде дека очекува состанокот да биде закажан за 30 мај, како одговор на барањето од европските земји за седница еден ден порано, пренесува ТАСС.
„Трпението на нашите непријатели во ОН, кои трпеливо ги чекаат резултатите од разговорите во Истанбул и реакцијата на американскиот претседател Доналд Трамп на нив, се чини дека е исцрпено. За нив е важно да го одржат украинското прашање „на површина“ во Советот за безбедност, дури и ако ризикуваат да не го постигнат тонот што го претпочита новата американска администрација“, рече тој.