ВЕСТИСВЕТ

Русија би можело да разгледа повлекување од Организацијата за заштита од хемиско оружје

Русија би можела да размисли за повлекување од Организацијата за забрана на хемиско оружје доколку таму се продолжи со стандардни одлуки во врска со владите на земјите кои не му одговараат на Западот, предупреди рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја.

Тој додаде дека Русија сè уште не постапува на таков драстичен начин и не советува никому да го стори тоа.

„Но, ако организацијата го изгуби целиот авторитет и започне едноставно да носи стереотипни одлуки за непосакуваните власти, тогаш тој чекор секако може да се разгледа. Но, ние не правиме такви драстични активности – напуштање на Организацијата и не ги советуваме другите да го сторат тоа“, рече Небензја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button