СВЕТ

Русија ги прекинува консултациите со Холандија и Австралија за мистеријата MН-17

Руското Министерство за надворешни работи објави дека е бесмислено да се продолжат консултациите со Австралија и Холандија поради соборувањето на летот MX17 на малезиската авиокомпанија.

Според нив, ниту една земја не сака да утврди што се случило.

Русија изјави дека спроведените истраги биле пристрасни и исполитизирани, пренесува Ројтерс.

Холандската влада одговори дека „длабоко жали“ за одлуката на Русија.

„Руската Федерација нè информираше дека еднострано одлучила да ги запре преговорите за одговорност при соборувањето на летот МН-17“, изјави денеска министерот за надворешни работи Стеф Блок

“Холандија во голема мера жали за оваа одлука. Тоа е крајно болно за преживеаните”, рече министерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button