ВЕСТИСВЕТ

Русија го нападна Киев со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала

Русија го нападна Киев со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала

Според прелиминарните податоци, во нападите нема повредени и не е причинета штета.

Русија рано утринава изврши воздушен напад врз Киев со крстаречки и балистички ракети и беспилотни летала, објави воената администрација на украинската престолнина на апликацијата за пораки Телеграм.

Според прелиминарните податоци, во нападите нема повредени и не е причинета штета.

„Украинските системи за противвоздушна одбрана го уништија целото воздушно оружје што Русија утринава го лансираше во Киев“, соопшти шефот на киевската воена управа Сергеј Попко, пренесува Танјуг.

Очевидци за Ројтерс изјавиле дека слушнале неколку експлозии кои звучеле како украинска противвоздушна одбрана.

Нема информации дали руските напади предизвикале штета во регионот на Киев.

Предупредувањето за воздушен напад траел неколку часа низ Украина, вклучително и пограничните региони на границата со Полска.

Оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа Икс објави дека полските и сојузничките авиони биле активирани како мерка на претпазливост, што е често случај кога Русија изведува воздушни напади врз западните региони на Украина.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button