ВЕСТИСВЕТ

Русија и Иран подготвуваат размена на борбени авиони?

Русија и Иран подготвуваат размена на борбени авиони?

Русија и Иран наводно подготвуваат голема размена на борбени авиони, по што Техеран за прв пат во последните неколку децении ќе добие нови борбени авиони, додека Русите ќе имаат беспилотни летала веќе тестирани во нападите врз базите на Централното разузнавање на Блискиот исток, пишуваат светските медиуми.

Според написите, иранската војска обучувала руски офицери за користење беспилотни летала, кажале официјални лица на Пентагон, само неколку дена откако сателитски снимки на руска воздухопловна база идентификувале 18 борбени авиони Су-35, наводно подготвени за испорака на властите во Техеран.

Веста за можна испорака на ирански беспилотни летала во Русија ја соопштил советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, наведувајќи дека некои од авионите веројатно веќе се во рацете на руските вооружени сили.

„Нашите информации сугерираат дека иранската влада се подготвува да испорача неколку стотици (дронови), вклучително и верзии способни да носат оружје“, изјавил Саливан за новинарите.

Според медиумите обуката на руските војници започнала на почетокот на јули, додека руски експерти најмалку во два наврати ја посетиле новоотворената тајна база на беспилотни летала во околината на Техеран.

Во новинарските извештаи стои дека иранските власти постојано ги демантираат овие информации, наведувајќи дека немаат намера да помогнат на која било страна во украинскиот конфликт, но претходно потврдиле дека единиците задолжени за управување со беспилотни летала на двете армии размениле неколку посети во изминатите години, според агенциите./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button