ВЕСТИСВЕТ

Русија потврди дека нејзин воен брод е нападнат и оштетен на Крим

Русија потврди дека еден од нејзините воени бродови во Црното Море е уништено во напад од страна на Украина, објави Би-би-си.

Advertisements

Нападот се случиl во текот ноќта во пристаништето Феодосија на полуостровот Крим, кој Москва го анектира во 2014 година.

Министерството за одбрана на земјата, како што јавува британскиот национален сервис, соопштило дека десантниот брод „Новочеркаск“ бил погоден од украински воздухоплов кој носел наведувани проектили.

Во нападот, како што соопштил шефот на администрацијата на Крим, поставен од Москва, Сергеј Аксјонов, е убиено едно лице.

Тој, според Би-би-си, додал дека биле оштетени и шест згради и дека мал број луѓе морале да бидат евакуирани во центрите за привремено сместување.

И покрај нападот, во извештаите се наведува дека транспортните операции на пристаништето Феодсија се одвиваат нормално.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button