СВЕТ

Русија прогласена за виновна за соборувањето на патничкиот авион во кој загинаа 298 лица

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство ја прогласи Русија за одговорна за соборувањето на летот 17 на „Малезија ерлајнс“ над Украина, со што загинаа 298 лица пред повеќе од една деценија, пренесува АП.

Advertisements

Меѓународната истрага предводена од Холандија заклучи во 2016 година дека авионот на линијата Амстердам-Куала Лумпур бил соборен на 17 јули 2014 година, од украинска територија што ја држеле сепаратистичките бунтовници користејќи ракетен систем „Бук“ испорачан од Русија. Москва негира каква било вмешаност во трагедијата со MH17.

Холандската и австралиската влада го покренаа случајот против Москва пред глобалната агенција за воздухопловство со седиште во Монтреал во 2022 година, а денеска ја поздравија пресудата.

Меѓународниот суд на правдата не беше опција, бидејќи Русија не ја признава надлежноста на судот во Хаг, со седиште во Холандија.

За Кремљ пресудата е „пристрасна“ и експресно ја отфрли.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија не е дел од истрагата на ОН и нема да ги прифати нејзините заклучоци, пренесе Ројтерс.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button