СВЕТ
Русија започна да издава сертификати за вакцинација против ковид 19

Русија започна да издава сертификати за вакцинација против вирусот корона, рече министерот за здравство, Михаил Мурашко и додаде дека секој што е заинтересиран да го добие може тоа да го направи преку интернет страницата на државните служби.
Овој сертификат официјално започна да се издава на 1 јануари 2021 година.
„На страницата на државните служби и неговиот` личен кабинет`, секој пациент што примил вакцина може да побара потврда од својот дом“, изјави тој.