СВЕТ

Русите ја ракетираа Одеса, петмина повредени

Русите ја ракетираа Одеса, петмина повредени

Најмалку пет лица се повредени во руски ракетен напад врз Одеса, соопштија локалните власти.

Меѓу повредените е и петнаесетгодишно момче, соопшти градоначалникот Хенадиј Труканов. Иако противвоздушната одбрана собори две ракети, нивните останки паднаа на улиците и зградите.

Во својата видео порака, украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш ја повика меѓународната заедница да помогне во заштитата од ракетни напади.

„Главната цел на непријателот во овој ракетен терор е нашиот енергетски сектор“, рече Зеленски.

Украинската енергетска компанија „Укренерго“ објави дека е потребно намалување на снабдувањето во источниот регион Харков. Енергетската мрежа е под закана и во Одеса и во регионот Хмелницки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button