ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русите се доближуваат до Киев

Во главниот град на Украина, Киев, битката почна да се засилува. Руските сили напреднаа со својот конвој до 25 километри во близина на главниот град. Утрово се слушнале истрели, додека граѓаните објавувале фотографии од како што ја нарекуваат „Киевската тврдина“.

Advertisements

Руски воени авиони нападнаа аеродром во Киев, уништувајќи ја пистата и резервите за гориво. Се слушнале големи експлозии кои предизвикале голема материјална штета. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека руските воени загуби во Украина се големи и затоа таа треба да се повлече од територијата што ја окупирала.

„Руските трупи доживуваат големи загуби. Можеме да зборуваме дури и за најголемиот удар врз руските трупи во последните децении. Најмалку 31 тактички групи на руски баталјони сега станаа неспособни за борба“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина

Украинското Министерство за надворешни работи, соопшти дека руските сили нападнале џамија во која имало 80 цивили. Властите велат дека во него имало претежно турски државјани, од кои најмалку 34 биле деца. Но, претседателот на заедницата на џамии на „Султан Сулејман Величествениот“, ги информираше турските медиуми дека се работи за напад во близина на џамијата и дека нема повредени цивили.

Чернихив, кој е град во близина на Киев е исто така цел на напади. Погодени се училишта, болници и засолништа за цивили. Гувернерот на овој град вели дека руската армија ја уништува инфраструктурата за да спречи евакуација на цивили.

„Непријателите напаѓаат од воздух и од земја со тешко оружје. Невини и слободољубиви граѓани умираат, а има илјадници повредени. Непријателите ја напаѓаат цивилната инфраструктура за да ја спречат нивната евакуација“, изјави Виачеслав Чаус, гувернер на Чернихив

Сирени и експлозии се слушнаа во неколку градови низ Украина. Харков, Мариупол, Миколаев и Суми се соочуваат со постојано бомбардирање, како и со ниски температури, без струја и малку резерви на храна. /Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button