ВЕСТИ

Руските сили ја зазедоа украинската нуклеарна централа по изгаснатиот пожар

Локалните власти во Запорожје соопштија дека руските сили ја зазеле локалната нуклеарна централа неколку часа откако се запалила поради едночасовното гранатирање на врз објектот во текот на ноќта од страна на руските воени сили.

Advertisements

„Оперативниот персонал ја следи состојбата на енергетските единици“, се вели по гаснењето на пожарот во соопштението на украинските служби за управување со кризи и итни случаи.

Локалните власти и надлежните инститиции соопштија дека засега не пронашле знаци на зголемена радијација по битката меѓу руските и украинските сили во областа на електраната.

„Во 07:00 часот на 4 март 2022 година, радијацијата во регионот Запорожје останува непроменета и не претставува закана за животот и здравјето на населението“, се вели во соопштението.

Нуклеарната централа во Запорожје, која се наоѓа во близина на реката Днепар, е најголема во Европа и произведува повеќе од една петтина од домашната електрична енергија во Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button