ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Рускоска за денешната акција: Засега нема осомничени полицајци, следува вештачење на телефоните

Обвинителката Вилма Русковска во изјава за медиумите кажа дека тие имаат докази оти приведените лица сториле кривично дело „недозволена трговија со опојни дроги“. Русковска додаде дека пред акцијата не е спроведена финансиска истрага, од претпазливост акцијата да не биде пробиена, но од понеделник ќе следи и финансиска истрага.
Рускоса рече дека засега нема осомничени полициски службеници, но посочи дека телефоните сѐ уште не се вештачени.
„Сега нема полициски службеници, но ќе видиме понатаму, ќе се вршат вештачења на телефоните кои се одземени и ако се најде комуникација сигурно дека ќе бидат осомничени и службени лица“, рече Русковска.