ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русковска: Акцијата во Грчец пробиена, нарко босовите во бегство!

Според посебните истражни мерки за лицата по кои се трага, акцијата во село Грчец е пробиена, рече на денешната прес конференција шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Како што кажа таа теренот бил исчистен, а пронајдени се пари и нешто повеќе од половина клилограм кокаин.

„Во претресите одземени се над 80.000 евра, а за пронајдената дрога сѐ уште не се готови вештачењата, но најдени се околу 5 килограми марихуана и 600-700 грама хероин. Најголем дел од парите се пронајдени при претресите во Гази Баба, а многу малку во село Грчец. Според посебните истражни мерки кои денеска завршуваат за лицата по кои се трага, акцијата во село Грчец е пробиена. Беше сѐ исчистено и не се пронајде поголема количина, истакна Русковска.

Рускоска додаде дека се одземени се 3 возила, но луксузните автомобили на водачите биле сокриени и некаде се пронајдени само клучеви. Таа појасни дека за сега нема информации кои се поткажувачите бидејќи петмината главни нарко босови се во бегство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button