ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русковска: Не утврдивме ништо конкретно за модуларните болници

Два месеца по пожарот во тетовската модуларна болница, Обвинителството сè уште нема утврдено кривична одговорност за избувнување на пожарот на 8 септември кога живи изгореа 14 лица. Детали нема откриено ниту Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое отвори предмет во делот на тендерската постапка за изградбата на сите модуларни ковид болници, вклучувајќи ја и онаа во Тетово. Истражителот не утврдил конкретни неправилности од извештаите на Светска банка и на Министерството за труд и социјална политика. Тој извештај, сега е пратен во МВР, вели за Алсат, шефицата на ова обвинителство, Вилма Русковска.

Advertisements

„Од она што истражител од кај нас го проучуваше, немаме нешто конкретно. Но, затоа работи тим во министерството за внатрешни работи, па чекам известување од нивна страна. – На што конкретно тимот од МВР? – На истото. Само во делот на јавните набавки, затоа што само тој дел е во надлежност на Обвинителството за гонење организраин криминал и корупција. – Има некаков рок до кога ќе работат на тоа? – Па во суштина нема рок. Но, треба во разумен рок сепак секоја работа да се сработи“, вели Русковска.

Во овој дел треба да се утврди дали се испочитувани процедурите, дали набавката за инсталацијата на модуларните болници одела и според посебен Закон што го има донесено Владата. Во извештајот на Светска Банка и на МТСП, беше наведено дека надзорот врз градбата на модуларните болници ќе биде подоцна додаден, нешто што потоа го нема во извештајот. Дали имало или немало потреба од надзор врз градбата на модуларните болници треба да утврдат истражните органи.

А, за причините за избувнување на пожарот во тетовската модулрна болница, како можна причина ОЈО Тетово наведе дека е прегреан продолжен кабел, на кого биле приклучени дефибрилатор, полнач за мобилен телефон и уште еден апрат. А, што утврдиле германските експерти одговор нема, бидејќи уште не е пристигнат извештајот од германската Федерална криминалистичка полиција. Германските експерти на средината во септември направија увид во опожарената болница, а нивниот извештај премиерот Заев тогаш најавуваше дека ќе стигне за две недели.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button