МАКЕДОНИЈА

Русковска: Опозициски лидер и претседател на држава не може да коментираат судски одлуки

Во моменти кога државата очајнички се обидува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, несреќни изјави само нѐ оддалечуваат од тој датум, рече шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во коментар за изјавите на високи политички претставници во земјава, меѓу кои и претседателот Пендаровски во врска со судските пресуди за насилствата од 27 април. Говорејќи на таа тема, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Русковска рече:

Advertisements

„Ако добиеме датум прво се започнува со поглавјата 23 и 24. Тоа е правосудство и владеење на правото. Сметам дека лидерот на најголемата опозициска партија, кој можеби на следни парламентарни избори да стане премиер на оваа држава, уште помалку претседателот на државата, да даваат такви изјави. Тоа не е нивна работа. Не можат да си дозволат да коментираат судски пресуди, квалификации, затоа што, според мене, со тоа се врши директен политички притисок врз работата на судовите“, рече Русковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button