ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русковска разрешена од обвинителската функција

Советот на јавни обвинители ја разреши обвинителката Вилма Русковска, поранешен шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Советот оцени дека Русковска не постапила согласно законските одредби при претресот извршен против поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Советот не ја разгледа жалбата на Русковска и директно се изјасни, а на затворената претходна седница ги разгледа наодите и записниците од дисциплинската комисија против неа.

Запрашана од Алсат да ја коментира едногласната одлука на Советот, Русковска кусо рече – „се очекуваше, не го знаев само датумот кога тоа ќе се случи“.

Постапката против Русковска ја покрена главниот обвинител во заминување Љубомир Јовески. Заедно со Русковска, во дисциплинската мерка на Јовески беа опфатени уште две обвинителки, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска. Основа за тоа беше упадот во канцелариите на директорот на Финансиската полиција во летото 2022 година. Муарем ја тужеше Русковска затоа што, според него, постапила спротивно на законот, бидејќи врз основа на анонимна пријава таа презела предистражни дејствија кои не биле однапред оценети и прегледани. Со одлука на Советот, обвинителката Трајчева е казнета со 30 отсто од платата во наредните шест месеци.

Русковска во својот мандат беше позната по гонење тешки кривични дела, меѓу кои и обвиненијата против поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button