ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русковска: За повикувањето на Ахмети за „Попис“ разбрав од новинарите

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, рече дека за повикувањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети на распит во врска со истрагата „Попис“, дознала од медиумите. Во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат Русковска вели дека иако предметот би можело да е заведен во нејзиното Обвинителство, таа не располага со детали за текот на истрагата.

Advertisements

„Тој бил повикан на распит од страна на колешка од поранешното СЈО и бил повикан во просториите на поранешното СЈО, така што искрено, јас од вас новинарите разбрав дека е повикан, па потоа дека е сменет терминот. Искрено, не бев запознаена ништо со тоа“, рече Русковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button