СВЕТ

Руте: Континуираната посветеност на САД останува основата на безбедноста на НАТО

Континуираната посветеност на Соединетите Американски Држави кон НАТО останува основата на нашата безбедност, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред состанокот со министрите за надворешни работи на НАТО.

Advertisements

Американскиот државен секретар Марко Рубио во четвртокот изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е посветена на останување во НАТО и ги повика 32-те членки на воената алијанса да ветат дека ќе ги зголемат трошоците за зајакнување на нивните одбранбени способности, пренесува Ројтерс.

Министрите за надворешни работи на НАТО вчера се собраа на дводневен состанок во Брисел, каде што ги разгледуваат понатамошните планови за претстојниот самит во Хаг и разговараат за итните безбедносни прашања, соопшти Алијансата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button